Достава низ цела Македонија.
➕ За деца од 7 до 20 kg (погодна од бебе до поголемо дете)
➕ 2 положби на носење: напред кон родителот и на грб
➕ Ергономска „М“ положба и удобни перничиња за рамениците
➕ Широк и стабилен појас за рамномерна распределба на тежината
Baby Tula Standard е удобна, практична и ергономска носилка создадена за секојдневно носење од 7 до 20 kg. Со неа бебето секогаш е во природна „М“ положба со правилно поткренати колена и свиткан `рбет во форма на „С“, додека родителот добива удобност благодарение на меките, прилагодливи раменски ремени и широкиот појас.
Карактеристики
• За деца од 7 до 20 kg
• 2 начини на носење: напред кон родителот и на грб
• Ергономска „М“ позиција на нозете и „С“ закривување на `рбетот
• Раменски ремени со двојно подесување за оптимална удобност
• Широк појас за стабилност и равномерен пренос на тежината
• Качулка UPF 50+ за сонце, ветер и приватност
• Голем преден џеб на појасот
• Димензии на седиште: 38 cm ширина, 39 cm висина
• Појас: 13 cm висина, 69 cm должина, проширување до 76 cm
• Тежина на носилката: 0,9 kg
Материјал
• Изработена од 100% лесен и издржлив памук
• Нежен, дишечки материјал погоден за секојдневна употреба
Предупредувања
• За новороденчиња од 3.2 до 7 kg е задолжителна Baby Tula влошка, која се купува одделно
• Детето се носи напред со лице кон родителот се додека не може стабилно да ја држи главата и трупот